
Вечерва со почеток во 21 часот закажано финалето од Лига Европа во кое ќе се сретнат екипите на Севилја и Интер.
Во Келн не очекува супер возбудлив натпревар помеѓу два тима кои силно го посакуваат трофејот во своите витрини.
Севилја имаа максимален ефект во финалните мечеви во Лига Европа, а два пати до трофејот играчите на клубот од Андалузија доаѓале по изведувањето на пенали, против Еспањол и Бенфика. Тимот на Хулен Лопетеги можеби не е фаворит против Интер но традицијата е на страната на Шпанците. Во последните десет години, со исклучок на натпреварот против Јувентус, во дуелите со Фиорентина, Лацио и Сампдорија имаат гол разлика 10:0.
„Интер е комплетен тим. Сите тимови кои ги водел Антонио Конте се такви. Имаат многу опции во нападот, а нивната одбрана не им дозволува на противниците да направат многу шанси. Ние ќе влеземе во мечот како и секогаш, мирно и со респект кон противникот“, изјави тренерот на Севилја Лопетеги.
Интер од друга страна со евентуалниот триумф ќе ја заокружи добрата прва сезона под Антонио Конте. Тренерот на Интер по секоја цена го сака пехарот, вечи дека историјата ги памети само победниците.
„Мораме да покажаме ентузијазам и да бидеме свесни каде се наоѓаме. Мораме да бидеме горди што играме европско финале по пауза од десет години. Историјата ја пишуваат победниците, само на нов се сеќаваме. Тоа би требало да ни биде дополнителна мотивација“, рече Конте.
Непосредно пред почетокот на средбата, тренерот на Интер, Антонио Конте доби одлични вести. Како што пренесува „Скај Италија“, за финалниот натпревар дефинитивно ќе биде подготвен и Алексис Санчез кој го прескокна полуфиналето со Шахтјор поради повреда.