Timot на Лос Анџелес Лејкерс славеа уште една убедлива победа против Мајами со 124:114 и со тоа стигнаа до 2:0 во финалната серија во НБА Лигата.
Главна причина за лесната капитулација на „жешките“ беше отсуството на двајца клучни играчи, Горан Драгиќ и Бем Адебајо, кои го пропуштија мечот поради повреди. Во нивно отсуство, во тимот од Флорида најдобар беше Џими Батлер со 25 поени, 13 асистенции и осум скока, додека изненадувачки одличен беше резервистот Кели Олиник со 24 поени.
Клубот од Флорида и без нив пружи поголем отпор отколку во првиот натпревар, но тоа не беше доволно да се сопре расположениот тим на Лејкерс кој стигна до двоцифрена предност во втората четвртина и истата не ја испушташе до крајот на натпреварот.
Во таборот на Лос Анџелес Лејкерс фантастичен меч одиграа Џејмс и Дејвис кои заедно запишаа 65 поени на клубот. Џејмс заврши со 33 постигнати поени, додека Дејвис имаше 32 поени и 14 скокови.
Во тимот на Мајами солиден настап имаше Џими Батлер со 25 уфрлени кошеви, 12 асистенции и осум скокови.
Третиот натпревар од финалната серија е во недела кон понеделник во 1.30 часот по полноќ по македонско време.
Можеби ќе ве интересира: