Летово нема да се дозволи да се оддржуваат свадбени церемонии во затворен простор

svadba

Властите засега не попуштаат и во брзо време нема да бидат дозволени свадби и останати забави и настани во затворените делови на угостителските објекти.

Zito akcija 640x289px

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека здравствените експерти се внимателни и сметаат дека ова лето нема простор за толкаво опуштање. Состојбата со вирусот се следи, а Комисијата за заразни болести ќе го има последниот збор.

Agria

„Последната комуникација што ја имавме со членовите на Комисијата за заразни болести, тие велат дека летово настани во затворени простории или масовни собири не треба да се одржуваат. Еве, ќе имаме состанок во понеделник па ќе дискутираме“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Угостителите пак бараат строги критериуми и правила за работа за во затворените делови на објектите. Стравуваат дека второ лето под клуч за нивниот бизнис ќе биде кобно. Категоризирани се само за свадбени прослави и немаат тераси или летни бавчи и сега велат дека се оставени на милост и немилост.

„Свадби ќе има, независно дали ќе има протокол или не. Но поголема контрола ќе има доколку ги правиме по ресторани, бидејќи можеме да им овозможиме дистанца, хигиенски услови, се може да се дезинфицира, пред и по свадба. А во приватни куќи каде што може да се прави свадба контролата е мала или не постои“, изјави Фитим Таири- здружение на хотелиери „ХУРЕКА“.

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21785/vodata-vo-ezeroto-mladost-e-ispravna-za-kapene-babuna-ne/