Лидерите се подготвуваат за претстојната зима која се очекува да биде една од најтешките во поновата историја

Otvoren Balkan lideri
Otvoren Balkan lideri

На самитот во Белград, Србија, Северна Македонија и Албанија потпишаа договор за обезбеденост со храна. Тоа значи меѓусебна помош во случај на недостаток на храна поради глобалната криза – Скопје, Белград и Тирана договорија да нема забрана за извоз на храна во членките на „Отворен Балкан“.

Zito akcija 640x289px

„Зимата која пред нас доаѓа ќе биде долга и најтешка по Втората светска војна и тоа за целиот свет. Како што гледам денеска, подобро да бидеме заедно, отколку секој самостојно да ја препродува. Тоа е суштината на `Отворен Балкан` – поврзување, солидарност, добрососедство и се со цел подобрување на живото на граѓаните. Тоа го имаме на ум и во овие кризни времиња. Природно е да се свртиме кон оние кои ни се најблиски и да работиме тесно за да обезбедиме достапност на храна и договоривме прво меѓу себе да си помагаме доколку се соочиме со недостиг на домашните пазари“, изјави Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија.

Agria

На самитот на иницијативата „Отворен Балкан“ во Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама и македонсккиот премиер Димитар Ковачевски се договорија за формирање тело што ќе служи за споделување на вишокот енергија и храна.

„Сите наши ќе им бидат достапни на Северна Македонија и Албанија и обратно“, рече Вучиќ на прес-конференцијата.

Србија е речиси целосно зависна од увозот на руски гас, а околу 70 отсто од потребите за електрична енергија се произведуваат во стари термоелектрани.

Северна Македонија се потпира на фосилни горива и хидроенергија, а зависи и од увезената електрична енергија. Албанија најголемиот дел од електричната енергија ја произведува во хидроцентрали.

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека трите земји ќе побараат од ЕУ да им помогне да ја пребродат зимата.

„Најдоброто сценарио за Албанија би било половина милијарда евра за континуирано снабдување со електрична енергија“, рече Рама.

„Ја повикувам ЕУ да не го повтори срамното однесување од пандемијата кога земјите од Западен Балкан мораа да се свртат кон Кина, Русија и Турција“, додаде тој.

Иницијативата, порано позната како Мини Шенген, беше покрената на крајот на 2019 година од премиерите на Србија, Албанија и Северна Македонија со намера, следејќи ги европските вредности на слободниот проток на луѓе, стоки, капитал и услуги, заемно олеснување на деловното работење за стопанството и патувањата за граѓаните на трите земји.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: