Лидерката на белоруските протести Колесникова е киднапирана

Kolesnikova Belorusija
Kolesnikova Belorusija

Неидентификувани лица во центарот на Минск ја киднапирале Марија Колесникова, лидерка на белоруските протести и ја однеле со комбе во непознат правец, соопштија локалните медиуми повикувајќи се на очевидци.

Британските медиуми јавуваат дека соработниците на Колесникова ги проверувале овие извештаи на медиумите. Белоруската полиција исто така ја испитува веродостојноста на информацијата, а истовремено таа денеска соопшти дека 633 лица се уапсени за време на демонстрациите што вчера се одржаа во главниот град Минск поради контроверзниот реизбор на Александар Лукашенко за претседател.

Agria

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: