
Претседателот Стево Пендаровски од оваа година воведува нов концепт за прослава на 2 Август и наместо одделни чествувања на претставниците на државниот врв, сите да се соберат во Крушево.
Како што велат од кабинетот на претседателот, чествувањето ќе биде после 18 часот за да можат да дојдат и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој според системот на ротација годинава треба да биде на одбележувањето на празникот во Скопје и премиерот Зоран Заев кој ќе биде во Пелинце.
Наместо говор, Претседателот на државата Стево Пендаровски ќе има кратко видео обраќање од две минути. Пораки за Илинден ќе пренесе актерот Никола Ристановски а ќе настапи и Влатко Стефановски.
На настанот се поканети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Села, Гашев, лидерот на Левица Димитар Апасиев, Ахмети, а досега своето присуство го потврдил самио Ахмети кој за првпат ќе биде во Крушево на Мечкин камен на 2. Август за одбележување на Илинден.
Идејата е сите политичари да дојдат во Крушево, да нема поделби и тоа да биде симболичен чин на обединување.
Можеби ќе ве интересира:
