Ливчето со нова изјава ми го подметна Палчо во комбе за да го потпишам, тврди Кешишев. Нов пресврт во судењето за убиствата на Вања и Панчо
Изјавата не е моја, рече обвинетиот Влатко Кешишев на денешното рочиште, во која тврдеше дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо воопшто не бил присутен за време на грабнувањата и убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на 74 годишниот Панче Жежовски.
Палевски за време на транспортот од затворот до Кривичниот суд му дал лист хартија со изјавата, му рекол само да ја напише со негов ракопис и да ја предаде во судот. Кешишев тоа го направил од страв.
“Изјавата не е моја. Ми беше дадено напишано ливче. Еден од обвинетите ми го даде. Љупчо Палевски Палчо Палчо за со мој ракопис да го напишам и да ја предадам на вас”, рече Кешишев пред судот.