Локализиран пожарот во Велес, спасени четири викендици

Пожарот кој попладневно избувна на градската депонија во Велес, а потоа се прошири кон селата Дорутовец и Чолошево вечерва е локализиран. Со пожарот се справуваа екипи на противпожарната единица, но и голем број на граѓани кои доброволно се пријавија за помош.

Zito akcija 640x289px

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски вели дека се спасени четири викендици и дека пожарот е локализиран.

Agria

„Со брза и навремена интервенција на пожарникарите од ТППЕ Велес и локалното население, локакизиран и ликвидиран е пожарот над Дурутовец и Чолошево. Постоеше опасност заради ветрот да се доведат во опасност населените места. Спасени се 4 викенд куќи. Материјалните штети ќе бидат проценети утре, денски.Истовремено дел од пожарникарите беа на помош во Куманово каде што успешно ја завршија работата“, напиша Коцевски на својата фејсбук страница.

Инаку, најкритична е состојбата во Пехчево и Делчево каде се загрозени неколку села, а од пожарот се зафатени и куќи. Во овој регион се гаснеше со хеликоптери, а на терен се 200 припадници од Армијата, како и противпожарните бригади од неколку градови, екипи од Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Алармантна е ситуацијата и во Кумановскиот Регион, каде има 8 активни пожари и во Прилепскиот каде гори шума на 18 локации.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: