По повод Светскиот ден на литературата за деца, 2 април, Локалната Библиотека „Гоце Делчев“ Велес во соработка со Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“-Велес, организираше средба со роднокрајни писатели за деца.
На средбата присуствуваа писателите Марина Манчева-Стојанова, Славјанка Љуткова, Наташа Брезовска-Богоевска и илустраторката Евгенија Андреева. Модератори на средбата беа учениците од ООУ„ Блаже Конески“ Лука Панов и Бојана Миланова, а средбата ја отвори директорката на Библиотеката Павлина Најдова.
Содржината продолжува под рекламата
Писателите го претставија своето творештво пред учениците од четврто одделение под раководство на наставничките Величе Милошевска и Андријана Јорданова од ООУ„ Блаже Конески“ Велес. На задоволство на сите средбата помина во одлична атмосфера, заедничка соработка и младите читатели си заминаа со прекрасни импресии од средбата и со својот старонов пријател-книгата.
Можеби ќе ве интересира: