Со одличен одзив и хуман гест, вчера во просториите на Театар „Џинот“ во Велес успешно се одржа Летната крводарителска акција, на која беа собрани вкупно 135 крвни единици.
Акцијата беше организирана во соработка помеѓу Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Во акцијата активно учествуваа и шестмина волонтери од Клубот на млади при Црвениот крст, кои помогнаа во нејзината организација и реализација.
Овој голем одзив уште еднаш ја потврди подготвеноста на велешани да помогнат кога е најпотребно и да дадат свој придонес за спасување животи.