Зголемениот број на ковид случаи во Велес донесе и нови хоспитализации на ковид пациенти во велешката болница. Од таму известуваат дека се хоспитализирани 15 ковид пациенти на Инфективното одделение.
Во текот на вчерашниот ден во Велес беа регистрирани нови 32 случаи на коронавирисот, додека оздравени беа девет пациенти, со што бројот на активни случаи се искачи на 136.
Содржината продолжува под рекламата
Инаку само во Пехчево нема лица заразени со коронавирус, додека најмногу активни случаи има во Скопје 1767. Вкупниот број на активни случаи во Македонија е 3595. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 320 598. Бројот на оздравени пациенти е 307 658, на починати 9 345.
Можеби ќе ве интересира: