19. Меѓународен салон на стрип “Велес 2022” ги прогласи своите победници!

19 Strip centar Veles 2022

Единствената манифестација од ваков вид во Македонија годинава го одбележува своето 19то издание во организација на Стрип центарот на Македонија. Вчеравечер беа прогласени најдобрите и им беа доделени награди и признанија во повеќе категории.

Zito akcija 640x289px

Жири комисија составена од Д-р Бошко Караџов – професор по филозофија и самостоен научен истражувач во областа на графичката литература, Лазе Ангелков – академски сликар, илустратор и стрип артист и Ване Трајков – извршен директор на Стрип центар на Македонија, сценарист, инструктор за теорија за стрип од вкупно пристигнати 195 стрипа од 11 земји одлучи:

Содржината продолжува под рекламата

Agria

– I награда “Златен стрип” – сценарио Марко Стојановиќ, Србија и цртеж Иван Коритарев, Бугарија, за стрипот „На горе“;

– II награда “Сребрен стрип” – Новица Миливојевиќ, Србија, за стрипот “Један сасвим обичан понедељак”;

– III награда “Брозен стрип” – Илко Стојановски, Македонија, за стрипот “Болен Дојчин”;

– Најдобро сценарио – Исмет Ердиќ, Босна и Херцеговина, за стрипот “Слава-смрт-губитак”;

– Уметнички израз – сценарио Марко Стојановиќ, Србија, и цртеж Тудор Попа, за стрипот “SIDES”;

– Специјална награда – Емануел Павел, Романија, за стрипот “The father of all spells”;

– Награда до 18 години – Зорана Ѓорѓевиќ, Србија, за стрипот “Транге, франге, манге”;

– Награда до 15 години – Никола Станков, Македонија, за стрипот “Лакс” и

– Постхумно признание – Томислав Груевски, Македонија, за стрипот “Битолскиот партизански одред”.

Специјално признание беше доделено на Николае Пепене, специјален гостин на овогодинешната колонија, директор на Историскиот музеј во Брашов за афирмација на стрипот на Балканот, а самиот музеј доби Благодарница за соработка и промоција на стрип културата.

Изложбата ќе биде достапна до 30.09, во Ликовниот салон во Велес секој работен ден од 08:00-16:00 часот. Истовремено вчера започна со работа и 4. Стрип колонија “Велес 2022” со учесници од Македонија, Романија, Србија и Албанија кои до недела ќе престојуваат во Спомен куќата на Касапови во Велес и ќе создаваат нови стрипови усовршувајќи ги своите техники.

Ментор на овогодинешната колонија е Марко Стојановиќ, стрип сценарист од Лесковац, Србија, наставник во тамошното Училиште за стрип “Никола Митровиќ Кокан”. Марко е познат по својот серијал Вековници, а пишува и за стрип сцената во Америка, Франција, Кина итн.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: