40 ученици од странство во посета на „Брако“ во потрага по информации која идна професија да ја одберата за себе

Brako i Erazmus plus

40 ученици од основни училишта од Германија, Норвешка, Естонија, Романија и од Северна Македонија, ја посетија велешката фабрика БРАКО, во рамките на програмата „Еразмус +“ и проектот „Професии за иднината“.

Zito akcija 640x289px

За време на посетата, еден од инженерите во БРАКО, Костадин Атанасоски, ги запозна учениците со работењето на фабриката и ги охрабри да го продолжат своето понатамошно образование во некоја од техничките струки.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Инженерот Атанасоски им пренесе на учениците што значи директно да се учествува во развивањето на нови производи со висока додадена вредност и да се подобруваат веќе постоечките, и со нив да се биде конкуренција во светски рамки.

Атанасоски го нагласи примерот со возилата за одржување јавна хигиена, од кои единственото возило од оваа категорија во светот кое работи на погон на водород е целосно развиено и произведено во БРАКО, како и 5 нови модели на возила на електричен погон,  и сето тоа е направено од страна на инженерскиот тим во фабриката, што носи голем професионален успех и лична сатисфакција за секој кој учествувал во проектот.

Организатор на посетата во рамките на проектот, „Професии за иднината“ беше основното училиште “Методија Митевски Брицо” од Лозово, кое го избра БРАКО како компанија која може да им помогне на учениците во нивната одлука за идната професија, со оглед на тоа што БРАКО е светски познат македонски бренд кој постојано следи и инвестира во нови современи технологии,иновациите, истражување и развој. 

  • Brako i Erazmus plus

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: