Вчера во периодот од 09.00 до 13.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на град Велес за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Содржината продолжува под рекламата
При контролата санкционирани се 51 возач, од кои 13 за возење без возачка дозвола, осум возачи за управување на мотоцикл без заштитен шлем, четири за непрописно вградени фолии (затемнети стакла)… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Содржината продолжува под рекламата
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од СВР Велес апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Можеби ќе ве итнересира: