53 возачи санкционирани за пребрзо возење на територија на СВР Велес

Policija kaznuva

53 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден во Велес, кои ја надминале брзина поголема од пропишаната. Тројца од нив возеле со дури над 50 километри на час над дозволеното.

Zito akcija 640x289px

“Вчера (30.07.) од 14 до 20 часот полициски службеници од СВР Велес спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Велес, при што санкционирани се 53 возачи. Од нив, тројца возеле со дури над 50 километри на час над дозволеното. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови” соопштија од МВР.

Agria

Од МВР апелирааат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22648/sobrakajnata-policzija-izreche-93-sankczii-na-avtopatot-kumanovo-skopje-veles/