71 санкционирани возачи на територијата на општина Велес

Policija avtopat zapira

Во текот на вчерашниот ден (25.02.2024) во периодот од 14.00 до 20.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Велес, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

При контролата санкционирани се 71 возач, од кои 22 за возење без возачка дозвола, шест санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, девет мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), пет санкции за возење под дејство на алкохол… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. 

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: