Крајот на кампањата за предвремените парламентарни избори го обележа уште еден инцидент. Заканувачка порака со содржина: „Ако нема слобода, ќе има смрт !!!“, напишана до цртеж од сонцето од Вергина осамна утрово на ѕидот на тунелот, на влезот во населба Чашка.
Ова се случува откако пред десетина дена, волонтери го префарбаа целиот тунел.
Реагираше и градоначалникот на Чашка Горан Стојановски. Споделувајќи фотографии од тунелот пред и потоа, тој на својата фејсбук страница го осуди овој чин.
„Лудилото нема граници! Пред само десетина дена, тунелот на влезот/излезот во населба Чашка беше уреден и бојадисан преку волонтерска акција. Ова утро граѓаните на населба Чашка го затекнаа повторно уништен и вандализиран , испишан со заканувачки пораки.
Жално и поразително е ова што се случува во 21 век!“, напиша Стојановски.
Можеби ќе ве интересира: