Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, се организираше Општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2024“, на кој учествуваа девет ученици од сите основни училишта од Општина Велес,Чашка и Градско.
Најдобар беше Андреј Петровски ученик во ООУ „Даме Груев“ Градско, со менторот Лидија Картулкова. Талиа Павловска ученик во ООУ „Васил Главинов“ Велес со менторот Каролина Попова го освои второто место, додека Ана Коцева ученик во ООУ „Даме Груев“ Градско, со менторот Лидија Каратулкова го освои третото место.
Со освојувањето на првото место на овој натпревар, Андреј Петровски се здоби со право да учествува на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари 2024“, кој ќе се одржи на 21 мај во библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово.
Moжеби ќе ве интересира: