Помошникот тренер на велешки Борец го напупшти клубот. Тој на социјалните мрежи ја информираше јавноста. Темелков напиша дека поминале скоро пет години дека и со гордост може да каже дека уживал во секој миг и секој момент поминат во клубот во кој што се афирмирал и потрошил добар дел од младоста, а како играч бил и секогаш бил и во добро и во зло, но многу повеќе во зло и не го променил дресот и кога можел да го промени.
„ Како тренер бев вклучен во овој проект од самиот почеток и навистина сум горд што испишавме историја после 18год. Создадовме сериозен колектив и клубот го издигнавме на највисоко професионално ниво кој парираше и се надигруваше со секој тим во елитата на Македонскиот фудбал во ПМФЛ. Посебно ми е драго и тоа што после 15год. Ја рестартирав односно ја формирав младинската академија со две генерации и како нивни тренер во истата година ја освоивме лигата и во кадетска и младинска конкуренција и обезбедивме влез во супер лига а истата год.игравме полуфинале куп на Македонија во младинска конкуренција“, напиша сега веќе поранешниот прв помошник на Борец, Ангел Темелков.
Темелков се заблагодари до раководството на клубот на укажаната доверба, до сите фудбалери и тренери и негови колеги ,шефот на стручниот штаб со кој имав перфектен однос, а исто така упати голема благодарност до навивачката група Гемиџии.
Тој беше прв помошник на тренерот Горазд Михајлов, кој исто така го напушти клубот.
Фудбалерите на Борец се вратија на тренинзите на Градскиот стадион „Зоран Паунов“, откако претходно имаа состанок со фудбалските ветерани, кои од понеделник би требало да го преземат управувањето со клубот. На тренингот се појавија сите фудбалери, освен Никола Прелчец, и Александер Борха кој заминаа во Работнички односно Кит-Го.
Можеби ќе ве интересирa: