Археолошкиот локалитет Била зора е оставен на забот на времето

Lokalitet Bilazora

Била Зора ја запалиле во два века пред нашата ера, но од лицето на земјата, некогашната престолнина на пајонските кралеви може да ја збрише негрижата на институциите. 

Zito akcija 640x289px

Последните истражувања на овој археолошки локалитет во близина на Свети Николе се завршени пред речиси три години. Ископаното превентивно е заштитено, но е далеку од доволно за да го спаси од забот на времето. Скалилата што се единствени на Балканот по начинот на градба се изронети, а пред неколку години падна и една од фреските на ѕидовите.

Agria

Музејот во Свети Николе е надлежен за археолошките ископувања на Била Зора, но за заштита и конзервација е одговорен Заводот за заштита на спомениците и музеј Штип од каде велат дека тие ја завршиле својата работа, се чека на пари од Министерството за култура.

Сега на локалитетот е прогласен мораториум за понатамошни ископувања. Добра вест е дека се обезбедени 400.000 денари за конзервација на околу 400 артефакти пронајдени во десетгодишните ископувања на локалитетот. А додека се чекаат пари за реална заштита, Била Зора ќе влезе во виртуелниот свет.

Досега од Била Зора е истражена само една третина од палатата, а ископувањата на некои делови од локалиетот што се протега на 32 хектари се уште не се ни почнати. Во меѓувреме музејот во Свети Николе прави и дигитална мапа на сите места со археолошко наследство во општината. Детектирани се околу 200 вакви локации. Оваа мапа ќе треба да послужи и за полесно казнување на дибвите копачи. 

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: