Нови 11 случаи позитивни на ковид-19 се регистрирано во Велес во последното деноноќие, објави Министерството за здравство. Седум велешани го победија вирусот, бројот на активни случаи во Велес е 235.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2275 тестирања, а регистрирани се 358 нов случаj на ковид-19 во:
Скопје – 173, Прилеп – 41, Куманово – 22, Кавадарци – 21, Тетово – 13, Велес – 11, Битола и Крива Паланка – по 9, Охрид – 8, Неготино – 7, Крушево – 6, Штип – 5, Струмица и Гевгелија – по 4, Струга, Делчево и Валандово – по 3, Гостивар, Кичево, Ресен, Радовиш и Пробиштип – по 2, Кочани, Свети Николе, Дебар, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани се 341 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 5 починати лица. Починати се 3 пациенти од Скопје (91г, 80г и 58г), по 1 пациент од Кавадарци (73г) и Прилеп (62г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.456, бројката на оздравени пациенти е 88.301, на починати е 3.003, а бројот на активни случаи изнесува 6.152.
Можеби ќе ве интересира: