Честитка од градоначалникот Марко Колев по повод новогодишните празници

Marko Kolev 2025 godina

Драги мои велешани, измина уште една година која ни покажа дека кога сме заедно и сплотени можеме многу. И токму тоа е она што ќе го посакам и за наредната 2025 година – заедно стигнавме до овде, заедно и да продолжиме.

Ќе продолжиме со решавање на клучните потреби на велешани за промена на мрежата за улично осветлување уште во првите недели од годината, изградбата на подземната катна гаража ќе започне за неколку месеци, а ќе направиме се што можеме за изградба на нов мост кај Башино село во втората половина на годината. Ќе продолжи тековното уредување и разубавување на Општината, а 2025 година повторно ќе изобилува и со бројни културни и спортски настани.

Agria
Ви посакувам убави празнични денови со најблиските и година исполнета со остварени соништа.
Со желби да се радуваме заедно за бројни убави моменти, среќна Нова 2025 година!

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: