Четири нови случаи на Ковид 19 во Велес

Korona Makedonija
Korona Makedonija

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани нови 112 позитивни случаи на коронавирус. Од нив четири се регистрирани во Велес.

Најмногу регистрирани случаи има во Скопје 46, а со двоцифрена бројка е и Гостивар со 11 нови позитивни случаи на Ковид 19. Состојбата по градови изгледа вака:

Agria

Скопје-46, Куманово-7, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Струга-6, Велес-4, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-3, Струмица-11, Радовиш-3, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делечево-1, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-2, Ресен-1. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти, во болнички услови се починати 8 пациенти од Teтово (73г), Струмица (58г), Делчево (55г), двајца од Струга (80 и 74г) и тројца пациенти од Скопје (53,76 и 82г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17786, бројката на оздравени пациенти е 14801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2248.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: