Еден маж е потешко повреден, откако возилото со кое управувал, утрово излетало од патот кај селото Виничани, на стариот пат Велес – Градско. Тој се жалел на болки во градниот кош и рамото, а по интервенцијата на брзата помош, тој е префрлен во велешката болница. Со него патувале уште две жени, кои имале лесни повреди.
Содржината продолжува под рекламата
Ова е само една од четирите сообраќајни несреќи, кои утрово се случија околу Велес. Лекарите од Итната медицинска помош се на терен и интервенираат кај евентуално повредени патници од овие незгоди. Потешка сообраќајка има и на излезот на Велес, после манастирот Свети Димитрија.
Содржината продолжува под рекламата
Минатата ноќ во Велес имаше врнежи од дожд и снег, а утрово ниските температури придонесоа за појава на голомразица. Ова е најверојатната причина за големиот број сообраќајни несреќи. Повеќе детали за другите сообраќајки очекуваме наскоро.
Во меѓувреме, од АМСМ апелираат за внимателно возење и прилагодување кон условите на патот.
Можеби ќе ве интересира: