Членовите на балетското студио Анабела го одбележаа денот на танцот

megunaroden den na tancot
megunaroden den na tancot

Денешниот 29-ти април се одбележува како Меѓународен ден на танцот. Членовите на балетското студио Анабела, својот празник, денот на танцот, го одбележаа со мини концерт. Истиот се одржа во дворот на објект 2 на детската градинка Димче Мирчев. Балерините од сите возрасни групи , по којзнае кој пат ги освоија насмевките и аплаузите на публиката.

Zito akcija 640x289px
megunaroden den na tancot

Тие повторно покажаа дека во текот на целата година, напорно работат со цел постигнување што поголеми лични и групни успеси. Инаку, оваа година автор на светската порака по повод денот на танцот е танчерката, режисер и кореограф од Кина, Јанг Липинг. Во дел од истата, насловена „Танц – начин да се комуницира со светот“ , таа ќе истакне : „ Говорот на телото е најинстиктивната форма на човечката комуникација. Така како танчери го храниме нашиот ум и тело , создавајќи танцова способност да комуницираме со светот. Животот не престанува, затоа и танцот не престанува“ – пишува Липинг Пред неполн месец дел од членовите на БС Анабела, се вратија со низа награди од Интер денс фест , меѓународен натпревар што се одржа во Сараево.

Agria

Во следните месеци пак ги очекуваат неколку натпревари во земјава и еден во Соко Бања , па во овој период работат на подготовка на кореографиите со кои ќе се натпреваруваат. Почитувани танчери, нека е честит Меѓународниот ден на танцот ,29-ти април!

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: