Даниел Јаневски повторно избран за Претседател на Советот на Општина Велес, Митревска именувана за заменик – градоначалник

На денешната седница, како единствен предложен кандидат, Јаневски ја доби довербата од мнозинството советници и повторно е избран за Претседател на Советот на Општина Велес.

„Ова за мене не е само чест, туку и голема обврска – да продолжиме посветено, транспарентно и одговорно да работиме во интерес на сите граѓани“, истакна Јаневски.

Agria

Во новиот мандат, тој најави дека ќе работи на зачувување на стабилноста и угледот на Советот, унапредување на партнерството со граѓаните, месните заедници и институциите, како и донесување одлуки кои ќе го подобрат квалитетот на животот во општината.

Јаневски истакна дека Советот ќе остане место на стабилност, конструктивен дијалог и соработка, каде одлуките се носат транспарентно, со цел да се гради современ, чист и хуман Велес.

Јаневски соопшти дека Елизабета Митревска е именувана за заменик-градоначалник на Општина Велес.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: