Денеска е првиот петок по Велигден, односно Петок од Светлата седмица. Овој петок е наречен и Балаклија и денеска не се пости. Балаклија, односно Источeн Петок е денот што духовно го обединува градот Велес и неговите жители.
Содржината продолжува под рекламата
Источен петок, се вика уште и Извор на лекувањето, бидејќи тој ден верниците одат на најблискиот извор и се измиваат поради лекување од многу болести. На овој ден се празнува обновувањето на храмот на Пресвета Богородица во Цариград, наречен Живоносен Извор, поради чудотворниот извор со вода што се наоѓа во него.
Содржината продолжува под рекламата
Велешани масовно ги посетуваат трите христијански храмови во манастирскиот комплекс „Свети Димитрија“, „Св. Петка“ и „Св. Никола“, и според христијанските обичаи палат свеќи за здравје. Митрополитот Повардарски г. Агатангел ќе отслужи света Божествена Литургија.
Можеби ќе ве интересира: