Екипата на Кеги Моби денеска во салата со почеток во 19 часот копјата ќе ги вкрсти со екипата на струшки Енхало каде што и двете екипи ќе се обидат да стигнат до првите бодови, откако и двете екипи запишаа порази во воведното коло од новата сезона.
„После првиот натпревар на домашен терен не чека уште еден не така лесен натпревар против екипата на КМФ Енхалон исто така на домашен терен, првиот натпревар заврши несреќно за нас со пресврт на гостите но тоа е веќе позади нас. Оваа недела истрениравме доволно и ги наместивме нишаните за следниот натпревар во сабота од 19 часот. Кадарот го консолидируваме полека полека, затоа што додатните обврски и здравствениот билтен не ни дозволува без проблем да направиме целосен собир и да нападнеме со сите сили. Јас лично сум задоволен од одиграното во Првото коло и прикажаното од нашата екипа, но ситници го одлучија тој натпревар кој го оставаме во минатото и се фокусираме на следното коло каде не не интересира ништо друго освен три бодови во новата сезона. Имаме целосно непознат противник во второто коло кој ни доаѓа од далеку, а во првото коло кикснаа против ланскиот шампион исто така на домашен терен. Сакам да им се заблагодарам на велешката подршка и публика во првото коло се надевам дека ќе имаме уште поголема подршка на утрешниот натпревар и на крај како јас заедно со моите соиграчи така и сите наши подржувачи и љубители на малиот фудбал во Велес ќе направиме победа“, изјави Петар Левков од Кеги Моби.
Футсал натпреварот од второто коло може да го следите во живо и на нашиот фан пејџ батали.нет, со коментар на Владимир Тевчев, снимател Иван Камчев, и реализатор Димче Саздов.
Линк од фан пејџот каде што можете да го следите натпреварот: https://www.facebook.com/batali.net
Можеби ќе ве интересира: