25-годишна девојка од валандовското село Пирава била истепана синоќа во центарот на Велес. Неа ја нападнал 32 годишен велешанец, кој е приведен во полиција.
„На 28.09.2020 околу 19.30 часот во СВР Велес, Д.П.(25) од с.Пирава, валандовско, пријавила дека на ул.„Илинденска“ во Велес била физички нападната од Д.В.(32) од Велес. Напаѓачот е приведен во Полициската станица Велес“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: