На вчерашната прес-конференција, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, официјално ја претстави Маја Хеско како кандидат на партијата за градоначалник на Велес. Хеско е долгогодишен член на СДСМ и пред неколку месеци го презеде претседателувањето со општинската организација, наследувајќи го Јане Стојанов на таа позиција.
Маја Хеско е долгогодишен член на СДСМ и пред неа стои предизвик да ја врати општинската организација блиску до граѓаните. Во текот на својата кариера како член на СДСМ, таа извршувала бројни партиски и јавни функции, меѓу кои член на Извршен одбор во неколку мандати, советник во Советот на Општина Велес, кандидат за пратеник на листата во ИЕ-3, претседател на месен одбор и активен член на Форумот на жени на ОО СДСМ Велес.
По професија е дипломиран социолог и работи како професор по социологија и граѓанско образование во ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес.
Ова ќе бидат осми по ред локални избори од осамостојувањето на државата во 1991 година. Претходните седум се одржаа во: 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година.