Во чест на безвремениот Коста Солев Рацин и годинава се одржаа Детските Рацинови средби. Во салата „Бели Мугри“ во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ по 57-ти пат, на едно место се собраа млади поети од повеќе градови во државата и талентирани ликовни уметници, чии творби и уметнички дела конкурираа на литераутурниот и ликовниот конкурс „Мене и душата ми е црвена“.
И годинава стиховите на Рацин беа инспирација на над стотина ученици од повеќе градови во државата кои се јавија на литаратурниот конкурс, но и на голем број талентирани ликовни уметници кои твореа инспирирани од Рацин.
Претседателот на советот на Општина Велес, Даниел Јаневски им ги врачи наградите на добитниците на Гран при наградите на најдобрите дела од литературниот и ликовниот конкурс. Гран-при наградата на 56. Детски Рацинови средби ја доби Донка Китанова, ученичка во седмо одделение од ООУ „Вера Циривири –Трена, Скопје. Првата награда во меѓународниот литературен конкурс ја освои деветооделенката Даниела Теова од ООУ „Васил Главинов“ од Велес.