Драстично намален број на новозаразени за последниве 24 часа. Само 37 нови позитивни случаи на коронавирус, од кои 12 се странски државјани, а се регистрирани од Центарот за јавно здравје во Гевгелија.
Скопје има девет, Прилеп пет, Тетово три и по еден има во Дебар, Гостивар, Струмица, Радовиш, Кочани, Пробиштип, Делчево и Кратово.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациенти, починати се шест пациенти, од Скопје (73г), Струга (79г), Гостивар (55г), Крива Паланка (63г), Делчево (86г) и од Кичево (74г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15127, бројката на оздравени пациенти е 12486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2018.
Можеби ќе ве интересира: