Опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ), по вчерашната седница на Централното претседателство на партијата, беше соопштено дека на претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври, кандидат за градоначалник на Општина Чашка ќе биде Суат Шаќири.
Шаќири, кој има 37 години, е образован кадар со завршени два факултета, Правен и Политички науки. Тој има магистратура по дипломатија, а Шаќири во моментот ги следи студиите на третиот циклус во насока Криминалистика на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Ова не е негово прво учество во трката за градоначалничката функција во Чашка, на последните локални избори исто така беше кандидат на ДУИ, но тогаш беше поразен од актуелниот градоначалник Горан Стојановски.
И на овие избори, Шаќири повторно ќе се соочи со Стојановски, кој влегува во трката како кандидат на СДСМ. Сѐ уште не е познато кој ќе биде кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за оваа општина, но се очекува партијата наскоро да го соопшти своето име.
Изборната трка во Чашка ветува интересен развој, со оглед на минатото ривалство и актуелниот политички контекст.