Велешката полиција уапси двајца велешани кои краделе во фабрика во Велес. Тие ја сториле кражбата вчера, „среде бел ден“, а кога се обиделе да избегаат, полицијата ги фатила.
Текстот продолжува под огласот
„На 07.08.2021 во 14.40 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода М.З.(30) и Е.Х.(21), двајцата од Велес. Тие биле затекнати при извршување тешка кражба во фабрика во Велес, односно во моментот кога се обиделе да ги стават украдените предмети во возило и да заминат. Украдените предмети им биле одземени, а тие биле приведени во полициска станица“, соопшти МВР.
Текстот продолжува под рекламата
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: