Двајца велешани починаа од ковид-19, но за прв пат по подолго време, едноцифрен број новозаразени во Велес

Bolnica Veles

Двајца велешани починаа денеска во болницата во Велес како последица од компликации со коронавирус. Утрово почина пациент на 62-годишна возраст, а подоцна и 81-годишен пациент и двајцата лекувани четири дена на инфективното одделение во велешката болница.

Zito akcija 640x289px

По подолго време, во Велес се регистрирани едноцифрен број на новозаразени, откако Центарот за јавно здравје во Велес соопшти дека во последните 24 часа се регистрирнани само четири нови случаи на ковид-19. Бројот на хоспитализирани во велешката болница исто така има тренд на опаѓање и денеска таму се лекуваат 38 пациенти од ковид-19. Од нив, 30 имаат потврдени позитивни тестови, двајца пациенти се сомнителни, а шестмина имаат негативни тестови, но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 16 пациенти.

Agria

Во моментов во Велес има 573 активни случаи со ковид-19, од кои 541 велешанец се на домашно лекување, 26 се лекуваат на инфективното одделение во Велес, тројца се хоспитализирани во приватни клиники во Скопје, двајца во болницата Козле во Скопје и еден пациент се лекува на Клиниката за торакално-васкуларни болести во Скопје. Денеска како оздравени, од велешката болница се испишани пет пациенти.

Од почетокот на пандемијата, во Велес 2718 граѓани се заразија со коронавирус, од кои 2056 оздравеа, а 90 пациенти ја загубија битката со вирусот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/17026/veleshankata-elena-czeneva-se-zdobi-so-profesionalna-megunarodna-kvalifikaczija-sift-i-go-stekna-sertifikatot-certificate-in-international-trade-and-finance/