Во билтенот на СВР Велес повторно се најдоа физички напади и вербални закани. Имено во село Извор двајца жители на селото го нападнале својот соселанец во неговиот двор.
„На 11.07.2022 во 14.40 часот во Полициското одделение Чашка, Г.П.(51) од с.Извор, општина Чашка, пријавила дека на 07.07.2022 во дворот од нејзината куќа таа и нејзиниот син П.П. биле физички нападнати од Д.Ц. и Д.М., двајцата од с.Извор“ соопштија од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Во вториот случај во Велес С.Д.(38) пријавил дека поради нерасчистени односи со неговиот чичко во семејниот двор тој бил вербално нападнат.
„На 10.07.2022 околу 14.00 часот во СВР Велес, С.Д.(38) од Велес пријавил дека во семејниот двор, поради нерасчистени односи, неговиот чичко Н.Д.(62) му упатил закани“ соопшти полицијата.
Од полицијата изјавија дека се работи на расчистување на случајот а по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесен сооветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: