Две млади момчиња истепани од повозрасни велешани

tepacki_grupni

Две млади момчиња на 25 и 17 годишна возраст завчера биле истепани од 45-годишен велешанец. Инцидентот се случил на улица Љубљанска, која се протега од училиштето „Блаже Конески“, кон високите делови на градот.

Zito akcija 640x289px

„На 14.07.2020 околу 15.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Љубљанска“ во Велес, М.П.(25) и Ј.М.(17) биле физички нападнати од И.Ѓ.(45) со уште едно лице“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Agria

Истиот ден тепачка имало и во Неготино, но таму, 72-годишен жител нападнал 20 години помлад сограѓанин.

„На 14.07.2020 во 19.30 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Неготино, Т.Ѓ.(72) физички го нападнал К.С.(52), двајцата од Неготино“, велат од СВР Велес.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8476/mozheme-so-dva-pratenika-prednost-pred-obnova/