Две момчиња се повредени откако вчеравечер со својот мопед излетале од патот кај “Теовски мост“. Возачот на мопедот поминал со тешки телесни повреди, додека неговиот сопатник се здобил со телесни повреди. Повредените биле примени во велешката болница
“Повредени се две лица, едно на 14 г.возраст со лесни телесни повреди пуштено на домашно лекување и лице на 18 годишна возраст со повреди на глава, при што по извршените потребни иследувања препратено е на Неврохирургија Скопје”, рече др. Елеонора Јованова, портпарол на велешката болница.
Полицијата го потврди инцидентот.
“На регионалниот пат с.Богомила – с.Стари Град, пред „Теовски мост“, општина Чашка, А.М.(18) од с.Мартолци, општина Чашка, управувајќи мопед „Лифан“со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола, по што излетал од коловозот и паднал”, рече Верољуб Додевски, порпарол на СВР Велес.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата, по што треба да бидат познати причините за инцидентот.
Можеби ќе ве интересира: