
Претставите “Нема струја за електричниот стол” и “Мац, Мац” се најдоа во официјалната селекција на ФИАТ фестивалор во Подгорица, Црна Гора.
Содржината продолжува под рекламата
Фестивалот “Фиат” повеќе од триесет години е еден од најзначајните културни настани во Црна Гора. Фестивалот настанал од желбата за создавање нив простор за размена и здружување на ументичките вредности и идејата и потребата за истражување и третирање на потребите од поместување на границите на театарот, рушејќи ги постоечките модели на театарскиот израз и осмислувахќи нови. Автори како Јан Фабр, Пипо Делбоно, Еуџенио Барба, елен Стујард, Олег Кулик, Родриго Гараија, Арпад Шилонг, Андриј Жолдак и други се дел од историјатот на овој фестивал.
Содржината продолжува под рекламата
За претставата “Нема струја за електричниот стол”, текст на Александр Секулов и режија на Дејан Пројковски, ова ќе биде трето меѓународно претставување и истото ќе биде на сцената на ЦНП, на 14.9.2024.
Претходниот ден, на истата сцена, ќе биде изведена ретставата “Мац, Мац”, копродукција со “Преплет”, режија и кореографија на Филип Петковски, според “Мачка на вжештен лимен покрив” од Тенеси Вилијамс. Ова е второ меѓународно претставувње на оваа копродукција, после онаа на ИТФ Приштина, каде беше и наградена.
Можеби ќе ве интересира:
- Мицкоски: Заврши времето кога администрацијата беше политички плен, следува департизација
- СДСМ Велес: ВМРО-ДПМНЕ треба да ја признае својата неспособност за водење на државата
- Ново сведоштво за убиецот на Росица: Поранешната девојка пред 12 години го пријавила во полиција – се заканувал дека ќе ја убие нејзината сестра
- Нов случај на телефонска измама во Чашка, 74-годишен маж остана без 14.000 евра
- Ракометниот клуб „Гемиџии“ го започнува своето натпреварувачко деби во Пионерската лига