Синоќа во Велес за време на полициски час била пријавена физичка пресметка по претходна расправија.
Во текот на вчерашниот ден, околу 21.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Јордан Џурнов“, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу А.М.(45) и неговата сопруга Е.Ј.(42), од една страна и С.К.(36) и неговата сопруга А.К.(34), сите од Велес.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исто така на 24.05.2020 околу 18.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во село Рудник во дворот од семејната куќа, Ж.Ф.(31) од Скопје, по претходна расправија, бил нападнат од В.Н.(58). Истиот ден околу 19.50 часот во СВР Велес, В.Н.(58) од Скопје дека во дворот од семејната куќа во село Рудник бил физички нападнат од К.Ф.(57) и неговиот син Ж.Ф.(31).
По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава.