Две возила за транспорт на пациенти на службата за итна помош на Здравствен дом Велес, донираше јапонската амбасада во земјава. Донацијата, во вредност од 37.175 евра ја предаде лично амбасадорката на царството Јапонија, Кеико Ханеда, која денеска беше во посета на Општина Велес. Посетата е во рамките на промоција на проектот за подобрување на болничката средина.
Амбасадорката Ханеда се сретна и со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, на која разговараа за состојбата со Ковид-19 во Велес, за реформите на системот на локална самоуправа и за продолжување на процесот на децентрализација на власта, за капиталните проекти на чијашто реализација работи Општина Велес и во услови на пандемија, за предизвиците со кои се соочува општината, како и за другите проекти коишто се во насока на подигнување на квалитетот на секојдневното живеење на сите жители на Општина Велес.
Потенцирајќи ги заложбите и напорите на Општина Велес во сферата на транспарентниот и отворен начин на работење, но и значењето на Велес како важен регионален центар, Амбасадорката Ханеда посочи дека искреното пријателство меѓу двете држави ќе продолжи и во иднина, а со тоа ќе се продлабочи и соработката со Општина Велес во многу области.
Можеби ќе ве интересира: