
По вчерашниот ден кога во Велес немаше ниту еден нов случај на ковид-19, денес се регистрирани десет. Бројката на активни случаи на коронавирус во градот е 307
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1 906 тестирања, а регистрирани се 356 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-171, Куманово-12, Тетово-19, Прилеп-15, Гостивар-6, Штип-7, Битола-4, Велес-10, Охрид-20, Струмица-8, Кавадарци-19, Струга-10, Кочани-2, Кичево-10, Свети Николе-1, Гевгелија-3, Неготино-3, Ресен-3, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Берово-4, Делчево-3, Пробиштип-7, Виница-3, Демир Хисар-1, Кратово-1, Крушево-4, Македонска Каменица-1, Пехчево-2 и еден во Демир Капија.
Институтот за јавно здравје денеска регистрирал 587 оздравени пациенти. Починати се 15 лица, пет пациенти од Скопје (65, 64, 82, 60 и 66 години), еден од Куманово (73), три пациенти од Тетово (78, 36 и 61 година), еден од Прилеп (69), еден од Кавадарци (73), еден од Кичево (51), еден од Крива Паланка (79), еден од Делчево (46) и еден пациент од Кратово (59). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89.817, бројката на оздравени пациенти е 75.387, на починати е 2.754, а бројот на активни случаи изнесува 11.676.
Можеби ќе ве интересира: