Двојна среќа во 2025. Новата година во Велес почна со близначките Јана и Сара кои на свет дојдоа утрово во 10:23 и 10:24, на Одделот за гинекологија во велешката болница.
Во семејството Андовски од село Сојаклари, Јана и Сара се втора и трета рожба, бидејќе веќе имаат син, а мајката Виолета и бебињата се во добра здравствена состојба.
Новороденчињата ги посети градоначалникот Марко Колев, кој во име на Општина Велес и Советот им посака здравје, среќа и благосостојба. Традиционално, бебињата добија пригодни подароци, штедни книшки од по 15 илјади денари.