Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа во Велес е регистриран еден нов случај на коронавирусот. Нема регистрирано оздравени пациенти. Бројот на активни случаи на ковид-19 во градот е пет.
Во последните 24 часа се направени 3.593 тестирања, а регистрирани се 47 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 19, • Тетово – 11, • Куманово – 6, • Битола – 3, • Прилеп, Струмица и Валандово – по 2, • Велес и Гостивар по – 1.
Не се регистрирани починати пациенти, регистрирани сe 14 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 963.049 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.171 бројката на оздравени пациенти е 150.321, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 359.
Можеби ќе ве интересира: