Нов смртен случај како последица од ковид-19 во Велес

veles so sneg
veles so sneg

Ковид статистиката на Министерството за здравство регистрира десет нови случаи на коронавирус во Велес. Оздравени се осум велешани, со што бројката на активни случаи во градот е 238. Сепак еден велешанец на 84 годишна возраст ја изгуби битката со вирусот.

Во последните 24 часа се направени 3.283 тестирања, а регистрирани се 449 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 170, Прилеп – 55, Кавадарци – 35, Гевгелија – 23, Тетово – 19, Охрид и Куманово – по 17, Битола и Неготино – по 16, Велес – 10, Струга – 8, Струмица и Ресен – по 7, Гостивар – 6, Штип, Делчево и Богданци – по 5, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 4, Пробиштип и Демир Капија – по 3, Кичево, Дебар, Валандово и Крушево – по 2, Кочани и Радовиш – по 1.

Agria

Регистрирани се 227 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 10 починати лица. Починати се 3 пациенти од Скопје (83г, 79г, 65г), по еден од Тетово (72г), Куманово (71г), Прилеп (79г), Велес (84г), Охрид (58г), Кавадарци (65г) и Делчево (75г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 500.551 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.031, бројката на оздравени пациенти е 89.249, на починати е 3.047, а бројот на активни случаи изнесува 6.735.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: