Велешани, посебно младите граѓани не ја почитуваат забраната за собирање на јавни места и површини. Тимот на Батали денеска направи обиколка на велешкото езеро „Младост“ и забележа дека сите летниковци околу езерото беа полни со луѓе.
Наместо да се седи дома и да не се излегува без причина, овие граѓани, спротивно на мерките и препораките на владата, го искористија убавото време на излет во природа.
Додека нашата обиколка траеше, пристигна полицијата, која добила дојава дека поголема група млади луѓе, со пијалоци и јадење се собрала на летниковците над росторанот Бела Вода.
Инаку, четирите угостителски објекти на езерото Младост се затворени и ги почитуваат мерките и препораките на владата.
Доколку забележите лица кои не се придржуваат до мерките за самоизолација, пријавете на овој телефонски број 0800 00 201
Доколку забележите неправилности во угостителски објекти, во кои има гости или драстично зголемени цени на основните прехрамбени производи и средства за дезинфекција, јавете се на телефонскиот број 191