Во Основниот суд во Велес бил регистриран физички инцидент, откако 42-годишниот Е.М. од Велес пријавил дека бил нападнат од сограѓанката М.Ѓ. (39). Настанот се случил на 30 мај 2025 година околу 11:30 часот, по што случајот бил пријавен во СВР Велес.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот, против М.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна пријава. Засега не се соопштени детали околу причините за нападот или можните повреди.