12 патници се повредени во желзничката незгода која се случи на преминот кај фабриката Порцеланка информираа од СВР Велес. Патниците од Велес си оделе кон своите домови во селата Мелница и Чашка кога се случила несреќата.
„Денеска (05.01.2023) во 12.01 часот во СВР Велес било пријавено дека на железничкиот премин кај фабриката Порцеланка во Велес се случила железничка незгода помеѓу воз на Македонски Железници и такси возило – комбе „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија од Чашка, а управувано од Д.Ј.(52) од Чашка. Во незгодата со повреди се здобиле 12 патници кои биле пренесени во Општа болница Велес за укажување лекарска помош“, соопшти портпаролoт на СВР Велес, Ристе Самарџиев.
Содржината продолжува по рекламите:
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: