Вики клуб Велес како дел од ГЛАМ Македонија, под менторство на матичниот википедијанец и професор Лила Арсова, координатор на клубот, на 14 04 2025 година активно учествуваа во работилницa. Оваа година тема за 2025 година се„ Занаети и народни носии“.
Програмата ГЛАМ е една од главните програми на кои работи здружението Викимедија МКД. Во просториите на ковачката работилница на „Ковач Гоце“ во Превалец Велес се одржа едукативна работилница за членовите на Вики Клуб Велес.
Младите Википедијанци се запознаа со традиционалниот ковачки занает. На работилницата учениците се запознааа со традиционалниот ковачки занает на ковачот Гоце Грујов последниот ковач од Велес. Тој својот занает го наследил од својот татко Ацо Грујов кој оваа работилница ја има од минатиот век поточно од 1970 година. Тој ја основа работилницата „Ковач Гоце“ пред десетина години во истиот дуќан. Ковачкиот занает започнал да го изучува како чирак кај својот татко од љубов кон занаетот веднаш по завршувањето на средно училиште.
Учесните на работилницата се запознаа со начинот на загревање и ковање на железото.Како се кова железото со чекани и сл. Имаа прилика да се запознаат и со алатот кј се користи во ковачницата разните видови на машини, менгемиња, и сл. Ковач Гоце на учесниците на работилницата им покажа и како се сече железото и обликуваше со помош на менгеме едно парче железо.
Работилницата бeше проследена со меѓусебно задоволство зошто можеа да го видат и доживеат овој занает не само преку теорија и гледање на алатот и да уживаат во музиката на огништето и чеканот на овој традиционален занает.