Во присуство на бројни гости, во големата сала на велешки Театар, вчера се одржа Свечената академија по повод Денот на општината, 9-ти Ноември.
Годинешен добитник на највисоката општинска награда, за животно дело „Гемиџии“ е Проф. д-р. Јордан Нојков, велешанец чија што професионална кариера започна во родниот град, додека наградата за Најдобар студент „Ѓорги Шоптрајанов“ ја доби студентката на Факултет за Медицински науки на УКИМ, Тамара Коцева.
Наградата Спомен плакета на Општина Велес им беше врачена на директорот на Државен завод за ревизија, Максим Ацевски и на граѓанската организација Извиднички одред „Димитар Влахов“- Велес. Деветоноемвриска благодарница им беше врачена на учесниците на „Вардарска регата Гемиџии 2024“, како и на м-р Десанка Николова, д-р Теодора Тодорова, четиричлена планинарска експедиција во состав Зоран Јаневски, Никола Ангелов, Марјан Малинов и Николче Василев, на организаторите на ултрамаратон „Велес- Лопушник“, на Здружение на граѓани за доброволна работа „Велешки акцијаши“ Велес и на Здружение на граѓани ,,ОК Борец ветерани” Велес.
Со Деветоноевриска пофалница се здобија Јадранка Мајсторова, Елица Николова, Горан Алексов, Неформална група „Клисура Пешти“ во состав Слободан Ѓорѓиев, Борче Јовчевски и Сашко Ѓорѓиев како и Здружение за безбедност на вода и планина „Македонски спасител“ Велес.
Во чест на наградените, беше изведен концерт „Кондензиран воздив по тебе“ чиј автор е Темелко Андреевски и на кои настапија голем број на велешани.